„Ова е проклето место за живот“- низа злосторства и жртви каде што беше убиена Тијана


Селото покрај Суботица, Бајмок, последниве години стана хорор локација за живот.

Од таму во последниве години пристигнуваат само црни вести- пет грозомотрни убиства, низа самоубиства, луѓе изедени од кучиња…

Во ова село живеат 7000 лица. Најголемиот хорор се случи годинава, кога малата Тијана  (15) беше ѕверски убиена од монструмот на кој ќе му се суди дури во јануари.bajmok-ubistvo

Нејзиниот сограѓанин Тимор Дарабоша (54 )умре во страшни болки кога пред неколку дена беше изеден од куче.

Оваа бизарност беше “хорор-реприза“ за жителите на ова село. Пред неколку години 64-годишната Радојка беше изедена од кучиња скитници, кои самата повремено ги чувала и ги хранела.

Пред неколку дена на градските гробишта се слушнаа истрели од пиштол. Имаше неколку повредени.

На свиреп начин, во Бајмок беше убиена и 57-годишната Стана Иванковиќ која замотана во кеси беше закопана во подрумот на својата куќа. Неколку дена потоа беше пријавен случај на исчезната малолетна девојка. Беше најдена во Унгарија, убиена од своето момче.

Во 2011-та во својот дом, угушена со перница, беше најдена 76-годишна баба. Се претпоставува дека убиецот го направил делото за да и ги украде парите од продадената пченка.bajmok tijana

Во Бајмок се случија и низа самоубиства. Починаа и млади и стари. Малолетничка се уби на семејната слава, 28-годишен полицаец си пукаше во глава со службениот пиштол.

„Ова место е проклето“, велат мештаните кои не можат да ги добројат злосторствата.

Нивните приказни за во црна хроника почнуваат од 1995-та година, кога познатиот Јоцо Сеќира уби две сестри старици Марија и Недељка Томиќ, а потоа и брачниот пар Саво и Ана Вуќелиќ.

Сите ги уби со сеќира, од каде му го дадоа и прекарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1