Спасувачките екипи по 17 дена од под урнатините на текстилната фабрика во Бангладеш пронајдоа жива жена, соопшти шефот на противпожарната служба.
„Жената се наоѓала во процеп меѓу греда и столб.
Се вика Решми. Најверојатно имала залихи од вода или пиела од водата која ја испумпувавме во зградата“ изјавил Ахмед Али за Франс прес.
Спасувачките екипи ги расчистувале урнатините во којшто загинаа 1.035 луѓе кога се сруши зградата на 24 април.
Расчистувањето било прекинато во петокот во обид да се пронајдат луѓе кои евентуално преживеале
Жената била пронајдена кога на спасувачите им мафнала со раката, јавуваат агенциите.