Ова е семејството од струмица кое настрада во сообраќајка – мајката загина, дечињата и таткото повредени


Завчера во тешка сообраќајна несреќа во државата Тенеси, САД, настрада петчлено струмичко семејство од Чикаго, објави порталот strumicanet.

Враќајќи се од Флорида, тие со својот автомобил излетале од патот, во близината на Нешвил и од силниот удар загинала 41-годишната Виле Д.

Нејзиниот сопруг Д.Д. (44 години), кој управувал со автомобилот е со тешки повреди и е во критична состојба, а со сериозни повреди се и нивните три деца, синот на возраст од 13 и ќерките близначки од 3 години, но според информациите на Радио СтрумицаНет од наши Македонци кои живеат во Чикаго, тие се надвор од животна опасност.

Нашинците од Америка покренаа иницијатива за финансиска помош на семејството, кое се соочува со големи медицински сметки, но и за погребални услуги и превоз. Преку веб страницатаwww.gofundme.com веќе пристигнуваат парични средства за семејството.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1