Ова е синот кој Шварценгер го доби со домашната помошничка (ФОТО)


Него, славниот холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер(68) не го доби во бракот со Марија Шрајвер со која помина 25 години во брак, туку со домашната помошничка која работела во неговиот семеен дом.

И на прв поглед би можело да се погоди дека 18-годишниот Џозеф Баена е син на славниот Шварци, а тајната за оваа афера која беше разоткриена во 2011 година беше причината за разводот на славниот актер и неговата сопруга со која има четири деца.Shvarceneger2

Денес кога официјално се знае дека младиот Џозеф е син на холивудскиот актер, тој постојано е на мета на папараците. Тој неодамна се појавил во Малибу во тесна маичка во која ги покажал своите бицепси, а со долгта коса неодоливо потсетува на Шварценгер во филмот „Конан Варваринот“.

Со неговата мајка Милдред Патриша Баена, познатиот „Терминатор“ има секс-афера во 1998 година. Штом се дознало за тоа , поранешната сопруга на Арнолд се иселила од семејниот дом и поднесе документи за развод.

Како што има изјавено во неколку интервјуа, Шварценгер поради тој свој неуспех никогаш не престанал да се кае. Тој наводно со години не знаел дека Џозеф му е син.Shvarceneger

– Кога почна да наликува на мене, тогаш сфатив. Си склопив сите коцки – изјавил Шварценегер.

Актерот и неговата поранешна сопруга имаат четири деца – Кетрин (26), Кристина (24), Патрик (22) и Кристофер (18) кој е роден само пет дена пред својот полубрат Џозеф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1