Директор дава бонус на вработените за подолго спиење


Еден американски директор смислил единствен начин да ги натера своите вработени подолго да спијат за да ја зголемат продуктивноста на работа – им плаќа за да спијат.spie son

Марк Бертолини се наоѓа на чело на една американска компанија за здравствено осигурување која неодамна вовела програма во која вработените кои спијат седум или повеќе часа во текот на ноќта дополнително ќе бидат платени.
Учесниците во таа програма користат посебна направа која регистрира колку долго поединецот спиел, а податоците ги анализира трета (непристрасна) личност.

Бертолини верува дека постои директна врска помеѓу сонот и продуктивноста на работата, како и зголемување на профитот на компанијата.

Тој тврди дека неговите работници ја зголемиле продуктивноста за 69 минути месечно по вложувањето на компанијата во нив, односно во нивното здравје и состојбата на свеста.

– Доколку вложуваме во нашите вработени, тоа позитивно ќе се одрази на нивното здравје, но и на приходите фирмата – заклучил Бертолини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1