Ова е српскиот музичар кого САД го испратиле на Куба на тајна задача да шпионира


Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на почетокот на 2009 година го испратила српскиот музички промотер Рајко Божиќ на Куба, со тајна задача да се дружи со еден од најозогласените рапери во Хавана и да ги поттикне младите против кубанската Влада, јави Танјуг повикувајќи се на американски медиуми.

Поради проектот на УСАИД Божиќ би можел да биде затворен, па затоа не ги открил своите планови пред кубанскиот хип-хоп уметник Алдо Родригес, познат по протестните песни против влијанието на Владата на Кастро врз секојдневниот живот.

rajko-bozic

Родригес и неговата група „Лос Алдеанос“ требало несвесно да бидат вовлечени во тајната војна меѓу Хавана и Вашингтон. Божиќ требало да го зголеми бројот на протестби песни, а неговиот проект е инспириран од протестните концерти на студентското движење кое помогна во соборување на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ во 2000 година.

Проектот на УСАИД имал за цел ширење на демократијата на Куба. Но, кубанските влкасти шестпати ги затворале или испитувале музичарите или оперативците на УСАИД.

Во вчерашното соопштение од УСАИД се наведува дека програмата била дел од четиригодишниот договор за јакнење на цивилното општество, кој завршил во 2012 година, но негира дека бил тајна програма.

Божиќ бил ангажиран и на проекти и во Тунис, во Украина, во Либан и во Зимбабве, но за операцијата на Куба одби да коментира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1