Проверете си: Сами се пријавиле за мои лекари, уште гинеколог да ми избрале, – чист криминал, ќе ги тужам


Ортопедскиот хирург Тодор Ношпал најавува тужба против матичен лекар и стоматолог бидејќи незаконски се пријавиле како негови лекари, иако според законот, пациентот е должен сам да си избере кој ќе го лекува. Во писмото кое стигнало до него пишувало дека треба да се јави на преглед, а како негов матичен лекар бил наведен извесен Бојан Мирчевски и стоматолог Изет Идризовиќ. Тој тврди дека првпат слуша за нив и никогаш не ги избрал за свои лекари, пишува Фокус.

nospal

Доктор Ношпал во изјава за „Фокус“ тврди дека е изненаден од писмото што го добил бидејќи тој веќе подолг период има свој матичен лекар. Според него, некој незаконски го злоупотребил неговото име и затоа тој правдата ќе ја бара по судски пат.

– Ние сме тие кои одлучуваме кој ќе не лекува, односно јас сум тој си избира матичен лекар и стоматолог. Јас првпат слушам дека тие се мои лекари и затоа ги советувам сите да си проверат кој ги лекува, затоа што не знаат на кој список можат да се најдат. Ми стигна писмо да отидам на преглед. Тоа е чист криминал. Си избираат 100 луѓе, се договараат со градоначалникот и ние без да знаеме им стига капитација и за нас и месечно во џеб си ставаат и по 1.000 евра. Како може некој наместо мене да ми избира лекари, уште матичен гинеколог да ми избрале. Срамота. Меѓутоа, тоа нема да остане така, ќе ги тужам и ќе одам до крај – тврди доктор Ношпал.

Тој пред неколку години се соочи со отказ од скопската Клиника за ортопедија бидејќи зборуваше јавно за проблемите на пациентите. Доктор Ношпал и тогаш правдата ја бараше по судски пат, при што го доби судскиот процес и во секое време можеше да се врати на работа на клиниката. Но, тој како што вели, најважно е дека ја истера правдата, а на работа тргна во приватна болница „ Моја Болница“.

Фокус.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1