Возачот на камионот на смртта кој уби најмалку 84 лица, бил Мухамед Лахој Булел, објави локалниот лист „Нис Матен“.
Тој камионот го изјамил во средата. Работел како професионален курир, бил познат по деликвенција, насилство, но неговата радикализација очигледно поминала незабележано. Се работи на идентификација на потенцијалните соучесници, бидејќи полицијата се сомнева дека не работел сам.
Странските медиуми тврдат дека ова е фотографијата на напаѓачот од Ница, иако тоа се уште не е официјално потврдено.
Убиецот претходно официјално беше идентификуван како 31 годишен маж по потекло од Тунис кој живеел во Ница.
„Нис Матен“ пренесува дека Булел бил татко на три деца и дека полицијата утринава го пребарала неговиот стан во северниот дел на Ница.