Ова е тројниот убиец од Злетово – бил платен војник


Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип, јавува МИА.

policija 3

На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност.

Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена односно како што јави дописникот на МИА од местото на настанот се работи за таткото и мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова изјави дека во моментот во врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1