Македонец не пријавил дека го нашол изгубениот пасош – заглавил во затвор како криминалец


Македонски државјанин за малку ќе заглавел во хрватски затвор како криминалец оти не пријавил навреме дека пасошот што му бил изгубен во меѓувреме го пронашол. Македонецот летоска заминал на одмор во Хрватска, но на границата бил уапсен под сомневање дека користи туѓ пасош. Kога нашинецот ја покажал патната исправа на хрватските полицајци, тие веднаш утврдиле дека пасошот со ист број и со исто име е пријавен во Интерпол како изгубен. Полицајците не чекале ниту момент, па го уапсиле Македонецот, кој останал зачуден што му се случува. Не му помогнало тоа што имало негова слика во пасошот ниту, пак, тврдењето дека документот му бил изгубен. Наместо во затвор, Македонецот сепак заминал на море кога хрватската полиција со помош на колегите од Македонија утврдиле дека уапсениот е сопственик на спорната исправа, пишува Дневник.

pasos
Од МВР велат дека ваквите случаи не се ретки

– За секој изгубен или украден пасош на наш државјанин го известуваме Интерпол. По потврдување на пријавата од граѓанин за изгубен или украден пасош, се врши корекција во националната база на податоци. Таму, всушност, се брише податокот за исправата, па таа како и да не постоела. Потоа се известува Интерпол, односно се испраќаат информации за исправата во нивниот систем на податоци. Но, тие податоци постојано ги ажурираме, па го известуваме Интерпол за секоја промена ако документот во меѓувреме е пронајден и слично. Затоа е неопходно лицето што го нашло документот да пријави дека е пронајден – вели Kотевски.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1