Ова е уапсениот брат на Еди Рама – далечинскиот му бил во рацете


Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама е уапсен со далечинскиот управувач од дронот со кој беше внесено албанско знаме на стадионот на Партизан во Белград. Тој беше уапсен од српската полиција и против него ќе се води постапка.

Според информациите, тој бил приведен во ВИП ложата и кај него бил пронајден далечинскиот. Полицијата во Србија има докази дека тој го организирал поставувањто и внесувањето на знамето.524339_olsi-rama_f

Според информациите на српските медиуми, Рама направил цела организација пред мечот. Тој се договорил со нколку лица да го пуштат дронот од црквата во близина на стадионот а потоа тој го презел управувањето.alba1-624x350

Српските медиуми пишуваат дека целата негова логистика утрово влегла во Албанија преку аеродрмот Никола Тесла во Белград. Носелеалбански знамиња и баретки о оележја на УЧК поради што граничаните полицајци не ги пуштиле да влезат. По кратко време, високи европски дипломати се појавиле на аеродромот и издејствувале тие да бидат пуштени.

Инаку братот на албанскиот премиер поседува американски пасош со кој најверојатно влегол во Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1