Ова е убиениот во Мала Речица – бил влијателен член на ДУИ во Куманово


Наим Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва било убиено во Куманово во вооружен судир помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, пишува ТВ Шења.

Според истите извори, на оваа пресметка и претходела расправија помеѓу двете групи.

Реџепи е од село Белановце, Липковско.

Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува Коха. Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Додека пак тешко повреден е и близок роднина на убиениот Наип Реџепи.

Според информациите на МВР денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.

Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Приведени се две лица во врска со инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1