Ова е убиеното девојче: Старецот ја убил средношколка – бил болно заљубен во неа


Полицијата во српскиот град Заечар открила морничави детали од убиството кое што ја потресе Србија, но и регионот. Станува збор за млада девојка која што пред неколку дена била пријавена како исчезната, а сега било пронајдено нејзиното мртво тело.

devojce22

Телото на несреќната девојка било пронајдено во атарот на селото Глоговица, во езерото Глоговичка река, а по сослушувањето на неколку осомничени за исчезнувањето и убиството на осумнаесетгодишната Драгана Ќириќ, полицијата го открила и нејзиниот убиец – шеесет и шестгодишниот Чедомир Ѓуриќ.

Според неофицијалните извори на српските медиуми, првично негирајќи, Ѓуриќ подоцна го признал убиството, а во разговорот со полицијата тој изјавил дека бил болно заљубен во Драгана, иако никогаш дури не ја ни бакнал.devojce333

Српските медиуми пренеле дека додека Ѓуриќ ја превезувал Драгана, избила расправија во автомобилот, поради што во момент на нервоза, Чедомир ја задавил. Во рамките на сослушувањето тој изјавил дека бил и љубоморен што Драгана се гледала со други момчиња, поради што сакала и да го остави.

Откако ја задавил, телото на несреќната девојка Чедомир го фрлил во езерото. По пронаоѓањето на лешот, наложена е обдукција, а истрагата за целиот трагичен настан е се уште во тек.

Исчезнувањето на младата девојка во полицијата било пријавено на 8 декември, од страна на очувот на Драгана, Драгиша Ќириќ.

Извори блиски до истрагата за српските медиуми изјавиле дека во автомобилот на Чедомир биле пронајдени неколку влакна коса, а по спроведената ДНК анализа, било откриено дека трагите се совпаѓаат со оние пронајдени на теренот, со што е и потврдена вината на Чедомир за трагичната смрт на младата средношколка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1