Организаторот на експлозијата во Санкт Петербург снимен е од безбедносните камери, тврдат руските новински агенции повикувајќи се на неименувани извори.
-Наводниот организатор на експлозијата е снимен од безбедносните камери во метрото, тврдат извори.
Според прелиминарните податоци, експлозивната направа е инсталирана во едно од купеата.
Експлозијата се случи во Санкт Петербург околу 3 часот попладне по локално време, убивајќи десетина луѓе, а ранети се над 20 патници.
Одредени медиуми објавија наводна снимка од терористот на кој се гледа маж облечен во црно и со брада.
Една патничка во метрото која се претставила како Таја, го опиша осомничениот маж.
-Не личеше на Словен, имаше темна јакна. Влезе во вагонот и сите не гледаше со презир. Се израдував кога излегов од вагонот. Поминав 10 чекори и ја слушнав експлозијата, раскажа таа за порталот Лајф Њус.