Ова е високиот функционер на СДСМ кој попладнево го уапси полицијата


Виктор Божиновски, актуелен раководите на правниот сектор во општина Куманово е функционерот на СДСМ кој попладнево го уапси одделот за органзиран криминал при МВР.

Според инфорамциитетој се сомничи за корупција, отакако полицијата утврдила дека примил сума на евра од странка. Божиновски, чие име веќе е топ тема во кумановската чаршија, на јавноста и е познат како поранешниот директор на кумановскиот водов кој за една година усепа да изеде над 100.000 евра во кафеаните низ градот. Поради тоа српските медиуми го наркоа „Шоиќ од Куманово“.viktor bozinovski

Божиновски од кумановскиот водовод по интеврвенција на кумановскиот градоначланик Зоран Дамјановски Циц е префрлен да раководи со праниот сектор на општината.

Важи за висок функционер во кумановскиот огранок на партијата и истурен теренски играч.

Поранешниот директор на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски, денеска околу 14 часот е  уапсен од полицијата додека седел во кафе бар, кај спортската сала во Куманово.

Според информации од портпаролот на МВР Иво Котевски,  Божиновски е приведен заради кривично дело противправно посредување. Акцијата ја спровела Единицата за организиран криминал од Скопје, а Божиновски е уапсен во моментот додека примал обележени банкноти. Во тек е претрес на повеќе објекти. Во текот на денот приведениот ќе биде изведен пред јавниот обвинител.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Виктор Божиновски откако беше сменет од директорската позиција, работи како раководител на правниот сектор во Општина Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1