Ова е вратата кон пеколот – гори 40 години без престан (Фото/Видео)


Голема огнена јама која гори веќе 40 години, локалните жители ја нрекуваат „Врата на пеколот“. Јамата се наоѓа во Туркменистан.

„Го одзема здивот. Веднаш помислувате на своите гревови, и ви доаѓа да се помолите“, вели Гозел Јакулијева (34), која дошла од главниот град Ашгабата за да ја посети оваа знаменитост.

zemlja-lava-rupaКратерот се наоѓа во срцето на Каракум, една од најголемите пустини во светот, а досега не е виден од многумина. Туркемнистанските власти се надеваат дека ќе успеат ова да го променат и дека оваа знаменитост ќе биде влез во турзимот на оваа мала поранешна советска република.

Дури и 25 години по распадот на СССР, Туркменистан се уште е една од најизолираните земји во светот. Годишно оваа земја ја посетуваат од 12 до 15 илјади туристи од околу 50 земји.

Каракум или црниот песок покрива 80 отсто од територијата на оваа република. Температурата на лето се качува до 50 степени, а на зима се спушта до 20 степени под нулата.

lava-zemljaЈамата се наоѓа северно од престолнината, а иако е опасна, истата не е заградена. Ова овозможува љубителите на екстремната возбуда да зачекорат по самиот раб, иако е опасно, бидејќи песокот на рабовите понекогаш се рони.

Феноменот е резултат на погрешна пресметка на советските научници кои почнале да копаат на ова место барајќи гас во 1971 – та година. Опремата за бушење им пропаднала длабоко во провалијата која се формирала. Плашејќи се дека од кратерот би можело да се шири отровен гас, тие решиле да ја запалат јамата, мислејќи дека гасот брзо ќе согори.

Но, тоа не се случило никогаш, а ова место претставува моќен симбол на огромните туркменистански резерви на гас, кои важат за четврти во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1