Ова езеро виси над океанот (Видео)


Неверојатнa творба на природата е висечкото езеро Сорвагсватн, кое се наоѓа на островот Вагар, најголемиот од групата на Фарските Острови.

Во едниот крај водите на Сорвагсватн достигнуваат на работ на триесет метри провалија и оттаму се фрлат во бездната, во речиси невидлив водопад. Езерото како да “виси” над океанот.ezero2

Езерото со тешко име и необична убавина, е најголемото познато “висечко езеро” во светот. Островот Вагар е во централниотдел од архипелагот, кој припаѓа на данската круна. Островите, наречени уште “овчи острови” имаат мал број на население и многу интересна историја, која стигнигува дури до Викинзите.

Сорвагсватн го носи името на еден од градчињата кое се наоѓа во близина на неговите брегови.ezero1

Езерото е со должина од 6 километри и е предмет на со години стари спорови помеѓу жителите на истоименото гратче Сорвагс и спротивното градче Мидвагс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1