Охридските кошаркарски надежи забележаа победа без примен кош над своите врсници од Кичево, совладувајќи ги со 62-0.
Гледачите кои имале можност да го проследат дуелот, ваквиот епилог од крајот на натпреварот го прифатија со шок и неверување поради резултатот и инфериорноста на гостите, пренесе ohridnews.com.
Тоа што го направија Колибрите во „Билјанини извори“ против Кичево слободно може да конкурира за рубриката „верувале или не“, бидејќи во кошарка речиси е невозможно да се победи без примен кош.