Претседателството на ДУИ доцна синоќа ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи и Садула Дураку за министри во новата влада на Зоран Заев.
Хазби Лика ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците.Бујар Османи ќе биде вицепремиер за евроинтеграции. Садула Дураку е предлог за нов министер за животна средина. Крешник Бекташи ќе биде новиот министер за економија.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на партискиот состанок рече дека е задоволен со предлозите за новите министри. Тој рече дека мандатот на министрите ќе биде четири години без разлика дали тие некому ќе му се допаднат или не.
– Меџити не побара да биде во владиниот кабинет. Доколку не и се допаѓа на Беса нашиот избор, може и да гласаат против. Имаме четиригодишен мандат и планираме да го истераме докрај. Министерството за здравство и Министерството за локална самоуправа им припаѓаат на нашиот коалиционен партнер, на Алијансата за Aлбанците – прецизираше Ахмети.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи рече дека ова ќе бидат новите реформски министри кои ќе ги спроведуваат потребните реформи. Таа потврди дека нема да биде дел од новата влада и рече дека повторно ќе се кандидира за градоначалничка на Тетово, затоа што како што рече, сака да ги реши проблемите на тетовци.