Ова ќе е најтопло лето во историјата – ќе кукаме за зима велат научниците


Глобалните температури во 2013 година ќе бидат за 0,57 степени над долгогодишниот просек од 14 степени Целзиусови, поради што 2013 година ќе биде една од најтоплите години кои се паметат.

– Многу е веројатно дека 2013 година ќе биде една од десетте најтопли години од 1850 година и потопла отколку 2012 година, стои во прогнозата на британската Метеоролошка служба.

sonce ekplozijaОваа прогноза се базира на истражувањата на самата британска метеоролошка служба, како и истражувањата објавени на Универзитетот Ист Англија, американскиот Годаров инситут и Националната океанска и атмосферска служба во САД.
Растечките темепаратури би можеле да бидат последица на природните промени на климата, но и на глобалното затоплување поради зголеменото емитување во атмосферата на гасови со ефект на стаклена градина, напоменува британскиот прогнозер Дејв Бритон.

Тој истакнува дека и зголемена глобалната просечна температура не значи дека во сите региони следната година ќе биде потопла отколку оваа.

Од 12 најтопли години за кои постои евиденција, 11 биле во овој век. Со просечна температура за 0,54 степени поголема од долготодишниот просек, 2011 била досега најтопла, додека тековната година е на деветото место со просечна температура од 0,45 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

heat_exhausted_runner

Многу научници за растот на температурата ги обвинуваат луѓето, односно претераното емитувањет во атмосферата гасови со ефект на стаклена градина кои настануваат од согорувањето на фосилните горива.
Тие предупредуваат дека продолжувањето на ваквиот тренд би можело да доведе до пораст на нивото на морињата и екстремни временски прилики.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, глобалната емисија на јаглен диоксид достигна рекорд во 2011 година, а најголем емитер била Кина.

Островските земји на светот кои имаат низок рељев, како и други држави чуствителни на раст на нивото на морињата, поплавите и ураганите, вршат притисок врз развиени земји да ги намалат емисиите на штетни гасови и да не дозволат во текот на овој век просечната глобална температура да се зголеми за повеќе од два степени Целзиусови.

Потопла од 2012 година во минатиот век беше 1998, поради феноменот Ел Нињо.

Во најновата научна студија на НАСА за климата, температурите до 2050 година би можеле да пораснат од 2,8 до 5,6 степени Целзиусови, доколку не се преземат одлучни мерки. Поголемиот број научници веруваат дека глобалните температури се во пораст поради емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1