Ова лето почнува со градба експресен пат Прилеп-Градско вреден 70 милиони евра


Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, пред прилепчани ја најави и изградбата на новиот експресен пат Прилеп-Градско.avtopat znaci mk

-Оваа година ќе почнат инвестиции вредни 4.3 милиони денари во изградба на нови регионални и локални патни правци, од кои најголем е новиот експресен пат со 4 ленти чија градба треба да почне ова лето, од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра. Другите патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари. Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион, истакна премиерот.

Тој истакна дека има уште стотици и стотици проекти за Прилеп и за овој регион, кои се изградија или се градат или наскоро ќе почнат со реализирање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1