Хуаси важи за најбогато село во светот, кое е основано во 1961 година во рамките на социјалниот експеримент за создавање на социјалистичко население, тоа се наоѓа во Кина.
На неговите жители им е забрането да разговараат со странци или новинари. Но затоа, жителите на ова село се милионери и имаат исклучителни погодности, како што е бесплатната здравствена заштита, образование, луксузните домови, автомобили и околу 250.000 долари на сметките во банка.
Во селото се наоѓа и прочуениот „Светски парк“ со реплики на најпознатите објекти од целиот свет, вклучувајќи го Кипот на слободата, Триумфалната капија и новиот облакодер кој со своите 328 метри е на 15-тото место на листата за највисоки згради во Кина.
Точната бројка на жителите на ова село не е позната, но според извештајот на агенцијата АП, има „десетици илјади“, додека на официјалниот туристички сајт пишува дека тие се 350.000.
Меѓутоа животот во Хуаси не е така идиличен како што тоа го претставуваат неговите жители. Тие наводно работат седум дена во неделта, често во индустриски постројки. Тука постои и строга хиерархија меѓу 2.000 регистрирани жители на селото и потомците на семејствата кои овде се населиле на средината на минатиот век.
Првите 2.000 регистрирани жители се вели дека владеат со селото, живеат во идентично луксузни вили, имаат луксузни автомобили и добиваат бесплатен зејтин, како и 250.000 долари во банка.
Игрите на среќа и дрогата се строго забранети, нема барови, клубови, интернет клубови, ниту караоке ресторани.
Ако некој сака да го напушти селото Хуаси, тој неможе со себе да понесе ниту еден долар од своето богатство и имот.
Denar.mk