Ова може да ве убие за час (Видео)


Смртоносниот морски полжав конус

Овој полжав од родот Conus Geographus има надимак “цигара” бидејќи жртвите на неговиот отровен угриз имаат време да запалат само една цигара пред да умрат. Кога ќе загриза ослободува различни токсични соедниненија и невротоксини за кои не постои против отров. Еден од токсините на овој отров се користи за производство на лекови протов болка.

smrt-260x194Ледена маска

Луѓето кои се наоѓаат во средина на лавина и завршуваат заробени под снежна покривка имаат 25 минути живот пред да настапи смртта, која се јавува поради задушување. Нивниот здив го зацврстува мразот околу нив и под таа ледена маска се задржува само јаглерод диоксид.

Хипотермија

Во состојба на општа хипотермија на телото смртта може брзо да настапи. Доколку температурата на телото падне под 35° C организмот не може да ја одржи потребната топлина. Патниците од Титаник умреле по 20 минути поминати во ледената вода. Само после 15 минути поминати во вода со температура од 0° C човекот ја губи свеста, по што набрзо настапува и смрт.

Смеа

Звучи неверојатно, но 30 минути смеење може да биде фатално за еден човек бидејќи може да предизвика срцев удар и гушење. Ваквата смрт е ретка, но возможна. Историјата бележи многу смртни случаи токму од смеење. Па така познатиот Грчки сликар Zeuxis умрел додека се смеел пред својата слика по што останал без воздух.

Билката од родот Aconitum

Позната е и како кралица на отровите. Некогаш се користела како анестетик додека не открила колку е отровна при допир. Нејзиниот отров може да усмрти човек за 30 минути.

Стрихнин

Овој моќен отров кој се наоѓа во сите растенија од родот Strychnos ја усмртува жртвата 20 минути по варењето на храната. Отровниот аллкалоид исто така се употребува и како пестицид. Отровот го напаѓа нервниот систем и предизвикува силни грчеви и болна смрт.

Тетродотоксин

Овој смртоносен отров се наоѓа во рибите од семејството Tetraodontidae. Во Јапонија, Кореја и Кина некои делови од оваа риба се сметаат за деликатес и се конзумираат. Но доколку не се приготват на вистинскиот начин можат да убијат човек за 20 минути. Тетродотоксин предизвикува и привремена парализа. Отруените луѓе можат да изгледаат како да се мртви.

Отровна жаба стрела
Жабата од семејството Dendrobatidae може да ве убие со допир. Нејзината кожа содржи смртоносен токсин. древните ловци во Јужна Америка ја користеле слузта од оваа жаба и со неа ги премачкувале стрелите. Помалку од еден милиграм од овој токсин ќе предизвика застој на срцето за неколку минути.

Копнен таипан

Една од најотровните змии на светот и дефинитивно најотровната копнена змија од семејствотоHydrophiinae престојува во Австралија. Нејзиниот отров во рок од 45 минути предизвикува згрутчување на крвта, парализа и на крај болна смрт.

Болест од потење

Болеста позната и како “Англиска пот” (Sudor Anglicus) во Средниот век ја погодила Европа и предизвикала смрт со потење за рок од еден час. Некои експерти кажуваат дека за оваа епидемија виновен бил Hantavirus. Инфекцијата од Hantavirus се уште претставува закана за здравјето на луѓето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1