Ова може само мајка: Се фрлила под автомобилот да го запре и спаси ќеркичките (Видео)


22 годишна мајка од Масачусетс се фрлила под автомобилот за да си ги спаси ќерките кои биле на задното седиште.

majka-i-cerkeМинди Тран ја паркирала својата Хонда пред нејзиниот дом, па излегла да ја отклучи влезната врата. Но, приодот до куќата на рид, и кога се свртела видела дека автомобилот почнал да се движи по удолнината, упатувајќи се кон главната и преополна улица.

Двете ќеркички, близначки биле врзани на задното седиште и мајката знела дека ако не го сопре автомобилот тие ќе загинат.

Се стрчала и со своето тело легнала пред автомобилот за да го забави.

article-0-1C64AC7300000578-891_634x428Истрчал и соседот кој успеал да ја подигне рачната кочница.

Тран морала да биде извлечена од екипа пожарникари, и пренесена е во болница со скршена нога и дислоцирано рамо и колк.

Знаев дека во тој момент е во прашање мојот живот или животот на моите две ќеркички. А тие ми се не светот дури и да загинев јас доволно е што знам дека се тие безбедни, изјавила мајката.

Таа е сега во количка но заздравува.

article-0-1C64AC5B00000578-675_634x495

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1