Ова не сте го знаеле: Билките „плачат“ додека ги јадеме и се обидуваат да се одбранат


Имаме лоши вести за сите вегетаријанци.

Не се само животните тие кои живеат во страв дека ќе ги убиете и изедете, туку и билките чувствуваат опасност и на нивен начин, се бранат од предаторите.

salata-260x173Кога во напад на глад ќе започнеме да ставаме салата во чинија, не размислуваме многу за тоа дали таа билка некогаш била жива и чувствителна.

А, можеби би требало, затоа што сега е докажано дека билките имаат некој вид на чувство, но и дека „билките плачат“.

Истражувачите од Универзитетот во Мисури откриле дека билките, не само што чувствуваат кога некој се обидува да ги набере или пасе, туку и дека се обидуваат да се одбранат.

Затоа, тврдењето дека „билките плачат додека ги јадеме“, не е никаква измислица.

Тие навистина испуштаат одбрамбени сокови додека други организми ги пасат. Се работи за некој вид на масло, кое го менува вкусот на билката, а со самото тоа на предаторите им станува одбивна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1