Парис Хилтон носи чевли број 42, Опра Винфри всушност се вика Орпа, додека Харисон Форд некогаш работел како столар. Понекогаш ни се чини дека за нив знаеме всушност се, но секогаш се провлекува некој факт кој е апсолутно непознат. Еве неколку непознати интересни факти за славните
1. Вистинското име на Мајли Сајрус е Дестини Хоуп.
2. Дејвид Боуви има различна боја на очите што му е последица од удар кој го добил во младоста.
3. Парис Хилтон носи чевли број 42!
5. Натали Портман дипломирала на Харвард и објавила два научни труда.
7. Мила Кунис е родена во Украина и до својата седма година не знаела англиски.
8. Американската пејачка Кеша има IQ 140!
9. Опра Винфри всушност се вика Орпа.
10. Ема Стоун, млада актерка која најчесто ја гледаме како црвенокоса, всушност е природна русокоса.
11. Пејачот Р. Кели едвај завршил средно училиште и признава дека никогаш не научил добро да чита и пишува.
13. Харисон Форд некогаш работел како столар.
14. Бред Пит пред да се прослави работел како носач, возач, маскота во костим во ресторанот Ел Поло Локо.
16. Можеби не знаете, но во 2001 година Сандра Булок и Рајан Гослинг биле во врска која траела една година.
17. Убавецот од “Вовед во анатомија” Патрик Демпси кариерата ја почнал жонглирајќи на велосипед со едно тркало.