Драги Мицев, Маријан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички се четворицата загинати во трагичната хеликоптерска несреќа која синоќа се случи кај Струмица. Како што дознава Курир, сите четворица се со над 30 години стаж во МВР.
Хеликоптерот кој синоќа се сруши во несреќата кај кванташкиот пазар во Струмица бил од типот МИ-17 и пренесувал припадници на граничната полиција.
Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало. Остатоци од хеликоптерот се расфрлан во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена.