Двајца мажи предизвикаа експлозија во индиски ресторан во Канада, во градот Мисисогa, при што се повредени 15 лица.
Напаѓачите влегле во ресторанот и поставиле бомба, по што побегнале. До експлозијата дошло нешто по 22 часот по локално време во ресторанот „Бомбај Бел“. Ранетите се префрлени во болница, а меѓу нив има тројца во критична состојба.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.
Полицијата на Твитер објави фотографија на која се гледаат двајца мажи, облечени во темни дуксери со качулки, како влегуваат во ресторанот, а еден од нив носи предмет во рацете.
Инаку нападот во Мисисога, шестиот по големина во Канада, доаѓа месец дена откако возач со изнајмено комбе се заби во толпа луѓе во Торонто, убивајќи 10 луѓе и ранувајќи 15.