ВМРО ДПМНЕ објави нови 19 имиња на кандидати за градоначалници потврдени од највисоките органи на партијата.
Покрај Михајловски, Александар Стојковски е потврден како кандидат за Ѓорче Петров, пратеникот Дарко Костовски повторно ќе се обиде да дојде до функцијата во Бутел, а неговиот колега од собраниските клупи Кирил Пецаков ќе се натпреварува за Охрид. Познати се имињата и на кандидатите за Македонски Брод, Свети Николе, Македонска Каменица, Берово, Чашка, Градско, Пробиштип, Виница, Пехчево, Лозово, Карбинци, Чешиново – Облешево, Зелениково, Демир Хисар, Маврово Ростуше.
Потпретседателот на партијата, Мисајловски е убеден дека кандидатите се вистинскиот избор за победа на локалните во октомври. Кандидатот за освојување на локалната власта во Скопје се уште не е познат, се прават последните анализи.
Неофицијално, извесна е кандидатурата на претседателката на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска, додека за општина Центар професорката од Институтот за национална историја Наташа Котлар потврди дека ќе влезе во изборната трка со поддршка од ВМРО ДПМНЕ.
Мисајловски најавува дека и за скоро ќе бидат објавени деталите од договорот за соработка со коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива откако одлуката за меѓусебна поддршка ќе биде одобрена од партиските органи. партијата. Сепак, за владејачката партија изборот на кандидати во ВМРО ДПМНЕ е избор за пораз.
„Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер“, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Партиите имаат рок до 11 септември да го финишираат изборот на своите избори кога истекува рокот за поднесување кандидатури до Државната изборна комисија.