Ова се компаниите кои даваат најмногу плата


Повеќето фирми на вработените им исплаќаат само основна плата, која бараат начин како да им ја намалат и да задоцнат со исплатата. Ваквиот однос ги демотивира вработените и се намалува квалитетот на работа. Но во светот постојат и компании во кои на човек „да му е мерак“ да работи. Ова се компаниите кои нудат најдобри услови за вработените во светот.

hands-holding-money2724991187645861

Salesforce.com

Просечна годишна плата: 129.157 $

За: Софтверски инженер

Дел од поволностите за вработените: На сред година сите вработени добиваат  она што се нарекува „кокуа“ или 25% попуст на попустот кои тие веќе го имаат како вработени. На менаџерите за продажба кои продале се им се доделува платено летување на Хаваи за двајца. А најдобриот работник има платено патување во „Кауа“ и 5 000 долари за шопинг во „Тифани“.

Хитачи систем за податоци

Просечна годишна плата: 134.752 $

За: поддршка на продажба

Во оваа ИТ подружница на јапонскиот електронски гигант, сите вработени се подобни за бонуси – до 2,25 пати од нивната плата. Ако не се задоволни со тоа? Вработените можат да аплицираат за поголеми бонуси ако сакаат повеќе. Фирмата исто така на своите вработени на располагање им ги става и своите 9 000 правници, вработени во фирмата за се што им треба на вработените.

Cisco

Просечна годишна плата: 135.653 $

За: Технички Лидер 1

Вработените во Cisco кое се повикани од владата да служат воен рок, добиваат целосна плата од компанијата иако долго време не се на работното место. Ова е едниствен ваков пример во светот.

EOG Resources

Просечна годишна плата: 138.495 $

За: инженер

Оваа нафтена компанија со седиште во Тексас, знае како да се грижи за своите вработени. Секој истакнат работник добива бонуси од по илијадници долари.

Devon Energy

Просечна годишна плата: 155.838 $

Во оваа фирма при секоја склучена зделка вработените добиваат покачување. Исто така сите вработени можат да побараат бонус во секое време. Во 2011 година вработените добивале бонус од дури 11 000 долари. Сепак компанијата својата благодарност кон вработните ја искажива и преку други бенефиции. За секој празник работниците добиваат покачување од 600 долари.

Hilcorp Energy Company

Просечна годишна плата: 159.944 $

За: инженер

Кога оваа нафтена компанија добива, добиваат и вработените. Во 2011 година тие добија бонус еднаков на 41% од нивната основна плата. Секогаш кога компанијата ќе постигне однапред поставена цел секој вработен добива најмалку 100 долари.
Компанијата се грижи и за превозот на вработените, ако не се во состојба да го користат јавниот превоз, компанијата им го плаќа паркингот.

Arnold & Porter LLP

Просечна годишна плата: 160.000 $

Во правните фирми во Вашингтон сите добиваат бонуси. Минатата година на сите вработени кои не се адвокати на крајот на годината им бил доделен бонус од 2 000 долари.
Во оваа фирма не се врти се околу работата. Имено секој петок тие имаат мала забава во едно локално кафуле, по работното време.  Со оглед на тоа дека оваа фирма е раширена на повеќе локации, начинот на кој се опуштаат вработените е различен, некаде добиваат пица, некаде одат на ручек… се зависи од договорот кој паднал.

Извор – Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1