Научниците тврдат: Ракот ќе биде хронична, а не смртоносна болест


Модерното лекување прилагодено на ДНК типот на тумор ветува подобри резултати, а во иднина би се користеле индивидуални терапии наместо досегашните стандардни хемотерапии и зрачења.

rak27Малигните болести наскоро ќе станат хронична состојба која може успешно да се лекува, наместо темпирана бомба која подразбира брза и болна смрт, тврдат научниците.

Тие веруваат дека радикалната модерна техника на лекување ќе помогна во измислување на персонализирани третмани на ракот кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот на заболените.

Тие третмани во Велика Британија ќе бидат достапни за пет до десет години, а ќе бидат врз основа на ДНК анализа на туморот кај секој пациент. Британскиот проект вредн 3.5 милиони евра би требало да донесе крај на долготрајно поставената дијагноза, хируршкото отстранување и зрачењето и хемотерапијата како основа на терапијата на повеќето пациенти заболени од карцином.

„Тоа што го правиме не е научна фантастика, туку напредок во науката на дело. Целта ни е да овозможиме целосно лекување на што поголем број на луѓе“, изјавил лидерот на проектот, професор Алан Ашворт од Институтот за истражување на ракот.

Генетското профилирање на ракот веќе се извршува во бројни лаборатории низ светот, а единствена препрека да стане пракса е цената на таквите третмани. Сега постојат лекови насочени за лекување на одредени типови на ракот, како што е лекот Вемурафениб за меланом или тамоксифен за рак на дојката.

„Една од десет жени со рак на дојката кои примаат хемотерапија реагира на тој третман, поради тшо е очигледно дека профилирањето на секој тип на ракот може да помогне во негово лекување и не треба да се применува истиот третман на сите луѓе“, објаснува Ашворт.

Факултети

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1