Оваа снимка ја направиле организаторите пред полетувањето со цел потоа да им ја продадат на туристите. На неа се сите туристи кои беа во балонот кој се запали и урна во Луксор во Египет.
Преживеа само капетанот и човекот со црвена марама на видеото, но загина неговата сопруга како и 19 други туристи меѓу кои и млади луѓе. Двајцата се спасиле така што успеале да скокнат од балонот кога тој бил на мало оддалечување од земјата. Останатите патници останале во корпата која ги одведе во смртта.