Ова се макроата кој држеа врзани девојчиња и ги принудуваа на проституција (Фото)


Двајца браќа од Скопје во периодот од јуни до октомври годинава,врбувале три девојчиња од Скопје на возраст од 14 до 16 години и против нивна волја ги држеле заклучени во куќа на нивни вујко во населбата Шуто Оризари, каде им носеле клиенти за сексуални услуги, за што пријавените наплаќале од 300 до 2.000 денари. detska-prostitucija-500

Единицата за насилен криминал при Секретаријатот за внатрешни работи Скопје изминатиов викенд со две кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ги предаде 18-годишниот и три години повозрасниот негов брат, со исти иницијали А.Р, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „детска проституција“. За стореното кривично дело, судија на претходна постапка на двајцата пријавени им изрече мерка притвор од по 30 денови. За ова дело им се закануваат затворски казни од 10 години.

Според сознанијата на полицијата, во зависност од желбите на клиентите, девојчињата во придружба на браќата биле носени и во мотели каде давале сексуални услуги на повеќе клиенти во една ноќ, по што ги враќале во куќата во Шуто Оризари каде ги држеле затворени. За да се знае дека девојчињата работат за нив, пријавените присилно им ги истетовирале нивните имиња на рацете, а кога ќе одбиеле да даваат сексуални услуги, биле грубо физички и психички малтретирани.

На 10-ти октомври, две од девојчињата успеале да искористат прилика и да избегаат од куќата, по што случајот го пријавиле во полициска станица, а по консултација со обвинителството, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е влезено во куќата каде биле чувани девојчината, при што е затекнато третото девојче. Двајцата сторители од страна на Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“ се пронајдени и уапсени.

Пријавените покрај тоа што се регистрирани нарушители на јавен ред и мир, имено против нив се поднесени 13 прекршочни пријави за нарушен ЈРМ со физички напад и тепачка, во периодот од 2011 до 2014 против нив се поднесени вкупно 21 кривична пријава за дела проследени со насилство, крвни и имотни деликти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1