Ова се најбогатите дами на светот


Во светот моментално постојат 2,325 милијардери, а само нешто повеќе од 12 одсто се жени, покажуваат податоците на „Wealth-X“. Тие заедно имаат 930 милијарди долари богатство, ги има 286, а само 17 одсто од парите ги стекнале сами, т.е со свој бизнис.

Просечно имаат 61 година, а преку 65 отсто од нив, богатството го стекнале преку наследство.najbogati-zeni

Најбогатата жена на светот е Кристи Валтон со богатство проценето на 39.9 милијарди долари. Парите ги наследила после смртта на мажот Џон Валтон, основач на трговскиот ланец Валмарт (Wallmart).

Најбогата во Европа, воедно и најстарата милијардерка е Лилиан Бетенкурт, наследничка на компанијата Л,Ореал (L’Oreal) со 31,3 милијарди долари.

Џина Рајхарт, „кралицата на глобалниот пазар со железо“ е најбогата во Австралија со нешто помалку од 15 милијарди долари, додека ќерките на милијардерот Карлос Слим, Ванеса Паола, Јохана Моника и Марија Соумаја делат 6,3 милијарди долари и така се најбогати во Латинска Америка.

Најбогатата жена во Азија е Јанг Хијан, наследничката на компанијата Country Garden, која воедно е и најмлада милијардерка на светот со 33 години.

На Блискиот Исток „владее“ Шари Арисон, наследничката на Carnival Corporation, додека во Африка тоа е Фолорунсхо Алакиј, основачка на компанијата „Фамта Оил“ (Famfa Oil).

Извор: BIZLife/Lider.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1