Видео сервисот YouTube ги објави 10-те најгледани клипови во 2014 година. Најгледаното видео во оваа 2014 година е спотот за песната „Dark Horse“ на пејачката Кети Пери, кој е погледнат повеќе од 716 милиони пати.
На второто место е Енрике Иглесијас со својата песна „Bailando“. Видеото е прегледано повеќе од 589 милиони пати.
Третата позиција и припаѓа на пејачката Шакира и нејзиниот хит кој го сними со Ријана, а тоа е „Can’t Remember to Forget You“. Спотот собра повеќе од 443 милиони прегледи.
Следуваат 10-те најгледани клипови на YouTube во 2014 година
1. Katy Perry ft. Juicy J – „Dark Horse“
2. Enrique Iglesias ft. Descemer Bueno, Gente De Zona – „Bailando“
3. Shakira ft. Rihanna – „Can’t Remember to Forget You“
4. Shakira ft. Carlinhos Brown – „La La La (Brazil 2014)“
5. Jason Derulo feat. Snoop Dogg – „Wiggle“
6. Iggy Azalea ft. Charli XCX – „Fancy“
7. Sia – „Chandelier“
8. Taylor Swift – „Shake It Off“
9. Meghan Trainor – „All About That Bass“
10. Nicki Minaj – „Anaconda“