Ова се најмоќните луѓе на светот, кои прават што сакаат – Путин на врвот на листата на Форбс


Рускиот претседател Владимир Путин, трета година по ред останува највлијателен човек во светот според рангирањето на списанието „Форбс“.217353_putin-afp_f

На второ место е канцеларката на Германија Ангела Меркел, која се искачи за три места, а на трето претседателот на САД Барак Обама, кој е едно место подолу.

– Владимир Путин „продолжува да докажува, дека е еден од ретките луѓе во светот кои можат да си дозволат да прават што сакаат, пишува „Форбс“.

Меѓународните санкции наложени на Русија „ја погодија рубљата и ја потопија Русија во се подлабока рецесија, без ни најмалку да го ослабнат, наведува списанието во коментар и потсетува дека рејтингот на Путин во Русија останува висок.

Одлуката на Путин да укаже помош на сирискиот претседател Башар ал Асад со воздушни напади, ја зголемила неговата популарност и на меѓународен план.

Меѓу новопојавените во годишното рангирање на „Форбс“ се кандидатот за номинација на Републиканската партија за кандидат-претседател на САД Доналд Трамп, кој е на 72-ро место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1