Ова се најзадолжените земји на светот: Хрватска „лидер“ во регионот


Интернет страницата Visual Capitalist, која објавува визуелизација на економските податоци објави графикон на светскиот јавен долг, кој покажува  дека најзадолжени земји во светот, гледано процентуално во вкупен долг се САД и Јапонија, пренесува Лидер.

Според податоците кои ги преземале од ММФ, вкупниот јавенм долг изнесува околу 60 билиони долари. Се работи само за јавен долг, во којшто не се вклучени долговите на граѓаните и приватните компании.

najzadolzeni-zemji_thumb_medium500_293

САД кои чинат 23,3 отсто од светската економија има удел во јавниот долг од 29,05 отсто и нивната задолженост изнесува 103,4 отсто од БДП. Јапонија која во светската економија учествува со 6,18 отсто, има 19,99 отсто од вкупниот јавен долг. Кина втората најголема светска економија во глобалната економија учествува со 13,9 отсто, но има само 6,25 отсто од вкупниот јавен долг. Европските земји не сметајќи ја Русија, имаат 26 отсто од глобалниот јавен долг.

Хрватска најзадолжена во регионот

Иако Хрватска по својот долг е безначајна во глобални рамки, со долг од околу 43 милијарди долари е најзадолжена земја во регионот. Словенија има долг од околу 20 милијарди долари, БиХ 9,5 милијарди, Србија 27,6, а Македонија само 2,7 милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1