Исповед што го расплака Балканот: Писмо на млада Босанка за забранета љубов


Пред неколку дена на адресата на порталот „Novi.ba” стигнало потресно писмо од млада Босанка за забранета љубов.

Младата девојка, од разбирливи причини, сакала да остане анонимна.

Писмото ви го пренесуваме во целост:muslimanka samija

„Имам 24 години и доаѓам од Босна. Покриена сум и живеам според исламот целиот свој живот. Мојата приказна е едноставна, цел живот знаев само за училиштето и верата.

Успеав да ги завршам студиите и дојде време за мојата венчавка. Родителите сакаат да се омажам за човек кој тие ми го најдоа. А јас пред неколку месеци запознав момче од Санџак кое студира во Турција, многу се засакавме. И моите и неговите се против нас, и местото и времето, ми се чини како да се против нас. Ова е мојата исповед.

Во мојот живот, искрено ви кажувам, јас никогаш не сум сакала некого како него. Тој е мојата прва љубов, и не сакам на сила да се венчам, за некој кој и не го познавам. Преку ова писмо сакам да му дадам до знаење дека го сакам и да не се откажува од нас.

Знам дека нема да биде лесно, но вреди да почекаме. Ние не бараме многу од светот. Само едно, место под небото и за нас двајцата.

Би сакала да знае дека и понатаму се борам за него и нашата љубовна приказна сакам да допре до светот. Не сме совршени, но мислам дека заслужуваме малку среќа во овој свет. Успеавме да оствариме искрена и чиста љубов на овој свет. Дали мојот начин е правилен и дали е добро ова што го правам, времето ќе покаже.

Сакам да бидете сведоци на мојата љубов и на мојата борба. Се надевам дека не се залудни овие редови кои ги пишувам.

Посакајте ми среќа.

Ви благодарам“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1