Тетово: Си го заклал братот еден ден по смртта на нивната мајка


Грозоморно братоубиство се случи синоќа во Тетово. 55 годишен тетовчанец со нож го убил својот брат во семејната куќа по жестока расправија.noz

Трагично заврши семејната раправија во Тетово, во која 55 годишниот тетовчанец Јусуф, со нож го прободил неговиот помал брат Аднан (53). Расправијата настанала, само еден ден после смртта на нивната мајка, кога во нивната куќа ги посетувале соседи и пријатели и изразувале сочувство.

Убодите во градниот кош, биле смртоносни за Аднан. Тој бил однесен во Тетовската клиничка болница без знаци на живот.

По десетина минути, во тетовската полиција се јавил Јусуф, кој го признал делото и објаснал дека тоа се случило по голема расправија.

Шокираните соседи велат дека имало караници во куќата на четворицата браќа, но не очекувале ваква разврска на настаните

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1