Од денеска ќе бидат пуштени во оптек книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари.
Народната банка на Република Македонија соопшти дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.