Ова се новите цени на становите во Скопје!


Во огласите на интернет- порталите за продажба на недвижности може да се види дека стан во Скопје може да се купи за цена од 500 евра за квадрат па нагоре. Секако најнадувани остануваат цените на становите во Центар, Аеродром и Карпош, пренесува Скопје Инфо.

Најевтини се оние што се продаваат во Гази Баба, во Железара и Ченто каде што цената во новите градба е 700 евра за квадрат, исто така и во Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода каде што во постарите згради може да се најде и под 700 евра за метар квадратен. Убедливо меѓу најниските цени чини и метар квадратен во Чаир.

stanovi-cena-grafik

Становите најевтини во Топаанско, најскапи на ул. Македонија

ЛОКАЦИЈА КВАДРАТИ ЦЕНА
Топаанско 57м2 28.000 евра/ 491 евра м2
Ченто 50м2 35.000евра/700 евра м2
Автокоманда 49м2 38.000евра/775евра м2
Ѓорче Петров 87м2 53.000 евра / 600евра м2
Скопје-Север 60м2 45.000евра/ 750евра м2
Козле 103м2 85.000евра/825 евра м2
Карпош 4 74м2 59.000 евра/800 евра м2
Скопјанка 88м2 84.000евра/950 евра м2
Ново Лисиче 52м2 47.000евра/900евра м2
Црниче 51м2 55.000евра/1078евра м2
Водно 51м2 58650евра/1150евра м2
Дебар Маало 63м2 74.000 евра/1170 евра м2
Улица “Македонија” 110м2 150.000 евра/1360 евра м2

Народната банка на Република Македонија утврди дека во четвртиот квартал од 2014 година дошло до намалување на цените на станови во Скопје. Индексот на цените на становите бележи пад од 5,3% на квартална основа, а констатирано е и нивно намалување од 0,6% на годишна основа, се наведува во извештајот за последното тримесечје од минатата година. Ваквото негативно движење на вредноста на становите во главниот град доаѓа по привремениот раст на цената во двата претходни квартали од 2014 година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1