Пред својата смрт, султан Сулејман го повикал началникот на армијата и му ги кажал трите желби:
1. Тој побарал ковчегот да го носат најдобрите лекари на Отоманската империја во тоа време.
2. Втората желба му била по целиот пат по кој ќе се носи ковчегот да се фрлаат златници и скапоцени камења.
3. А третата желба му била за цело тоа време неговите раце да бдат надвор и сите да ги гледаат.
Кога началникот на армијата прашал каква е причината за овие желби, Сулејман објаснил:
– Најдобрите лекари да го носат ковчегот за да видат сите дека дури и најдобрите лекари се немоќни пред лицето на смртта.
– Зошто злато, за да можат сите да видат дека богатството што го добиваме во овој живот, останува на овој свет.
– А сите да ги видат моите раце и да разберат дека дури и семоќен Султан Сулејман си заминува од овој живот со празни раце.