Ова се српскиот монструм и неговата жена-жртва која ја измасакрира


Семејна трагедија го потресе селото Дреновац во близина на Књажевац кога Дејан Цветковиќ (48) со неколку убоди од кујнски нож ја усмрти својата сопруга Ирена (31).

Цветковиќ кој инаку на целото село му е познат како коцкар со прекар Мендоза, ја измасакрирал сопругата по кавга поради пари кои наводно ги прокоцкал. Истиот ден убиецот го напуштил лекувањето во књажевачкиот здравествен центар каде се пријавил на сопствено барање „поради суицидни идеи“.dejan-cvetkovic-irena-640x432

Кавга

На крвавиот пир му претходела расправија на сопружниците. Откако се поздравил со мајката која живеела во приземјето, се качил на катот кај сопругата, од каде по неколку секунди се слушнала гласна и насилна кавга. Несреќната жена прво го нападнала од врата дека прокоцкал 10.000 евра. Потоа му рекла дека ќе го напушти, по што убиецот се повлекол во собата на нивниот син, кој во моментот бил отсутен и му напишам монструозна проака/

-Ќе мора да те оставам без мајка која толку многу ја сакаш, му напишал Цветковиќ на синот.

Од кујната потоа зел нож и тргнал назад кон собата на сопругата, која почнала да повикува помош. Врисоците и плачот најпрво ги слушнала мајката на убиецот, која веднаш дотрчала до нивниот дел од куќата, но вратата била заклучена.

Го повикувала синот, но откако не и одговорил, ја скршила вратата. Од собата истрчала Ирена врескајќи, а по неа и убиецот кој тука и зарил нож во грбот. Несреќната жена успеала да се одржи на ноже и продолжила да бега, но убиецот ја следел и непрекинато ја напаѓал. Пред капијата во дворот ја фатил за коса, ја турнал на патеката и ја избодел по целото тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1