Ова се условите за откуп или закуп на општествен стан


Како што објави Лидер околу 2500 корисници на општествени станови треба наскоро да го регулираат својот статус- да ги откупат или закупат. Овие правила се регулираат со новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за домување.

Со предвидените одредби се регулира статусот на:

I. Лица кои што користат општествени станови (лица кои поседуваат документ – акт за доделување на станот пр: решение, одлука или договор донесен пред 16 мај 1998 година)ohrid stan

II. Лица кои не го оствариле правото на откуп на станот по општествени услови

I. Во однос на лицата кои користат општествен стан со овие измени и дополнувања на Законот за домување се дава нов рок за поднесување на барања за откуп на стан, односно барања за пренос на правото на користење на стан од починат носител на станарско право, и тоа за:

– лицата кои го пропуштиле рокот и не поднеле барање за откуп на станот, односно барање за пренос на правото на користење на станот до 31.12.2010 година во Министерството за транспорт и врски и за

– лицата кои поднеле барање за откуп на станот, односно барање за пренос на правото на користење на станот до 31.12.2010 година во Министерството за транспорт и врски, но истите биле одбиени затоа што не ги поседувале кумулативно и двата документа за доделување на станот т.е. решение и договор, а кои во тој момент на одлучување согласно законот морале да ги имаат.

Овие лица корисници на општествени станови се должни да поднесат во Министерството за транспорт и врски најдоцна до 31 март 2015 година барање за откуп на општествениот стан односно барањето за пренос на правото на користење на станот од починатиот носител на станарското право на општествениот стан.

-Доста долго време ги чекавме и го продолживме рокот до 31 март. Доколку и во овој рок не поднесат документи ќе го изгубат правото на откуп и ќе можат да склучат само договор за закуп, изјави Јанакиески.

Лицата кои се стекнале со правото на закуп и откуп на стан согласно со Законот за денационализација и Законот за припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, можат да поднесат барање за откуп на станот согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост без оглед кога е донесен актот за користење на станот и за овие лица не се применува рокот за поднесување барање за откуп на стан, истакнуаат од Министерството за транспорт.stedi za stan

Со цел на граѓаните на Република Македонија да им се овозможи олеснет пристап за поднесување на барања, од страна на Министерството за транспорт и врски изготвени се обрасци – теркови на барањата за откуп на стан и за преност на правото на користење на стан од починат носител на станарско право, во кое е наведена и документацијата која барателот треба да ја приложи кон барањето. Овие теркови – обрасци се објавени на ВЕБ страната на МТВ а истите можат да се подигнат и од пултот во зградата на Министерството за транспорт и врски.

II. Во однос на лицата кои не го оствариле правото за откуп на стан односно правото за пренос на правото на користење на стан по општествени услови им се дава можност да одлучат да поднесат:

– барање за закуп на станот во Министерство за транспорт и врски или

– барање за откуп на станот во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

Овие барања треба да бидат поднесени во следните рокови и тоа:

– најдоцна до 30 јуни 2015 година за лицата кои до 31 март 2015 година не поднеле барање за откуп на станот односно барање за пренос на правото на користење на стан од починат носител на станарско право по општествени услови;

– во рок од 30 дена од денот на приемот на решението за одбивање за лицата кои до 31 март 2015 година поднеле барање за откуп на станот односно барање за пренос на правото на користење на стан од починат носител на станарско право по општествени услови, но во постапката не го оствариле тоа право

Со предложените измени овие лица се категоризираат во четири катергории на лица корисници на станови во сопственост на Република Македонија по однос на остварени приходи на ниво на домаќинство и тоа:

1.Лица во социјален ризик – кои се приматели на социјална или постојана парична помош
2.Лица со ниски приходи – чиј што вкупен приход во заедничкото домаќинство е максимум една ипол просечна нето плата (според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика на Република Македонија)
3.Лица со просечни приходи – чиј што вкупен приход во заедничкото домаќинство изнесува помеѓу една ипол просечна нето плата и две ипол просечни нето плати (според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика на Република Македонија) и
4.Лица со високи приходи – чиј што вкупен приход во заедничкото домаќинство изнесува над две ипол просечни нето плати (според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика на Република Македонија)

Подетално објаснување за секоја категорија:

1. Лицата во социјален ризик, приматели на социјална или постојана парична помош ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина односно надомест за користење на стан се додека се приматели на социјална или постојана парична помош. За тоа треба да приложат документ од Центрите за социјална помош во општините каде живеат дека се корисници или приматели на социјална или постојата парична помош. Овие лица немаат право на откуп на становите.

2. Лицата со ниски приходи се делат на две категории и тоа:

– лицата кои во нивното заедничко домаќинство остваруваат вкупен приход максимум две минимални нето плати висината на закупот на стан ќе изнесува 25 ден/м2,
– лицата кои остваруваат вкупен приход помеѓу две минимални нето плати и една ипол просечна нето плата висината на закупот на стан ќе изнесува 35 ден/м2,

Оваа категорија на лица ќе можат да го откупат станот со минимално учество од 5% од вкупната вредност на станот, со рок на отплата максимум до 30 години односно 360 еднакви месечни рати и фиксна каматна стапка од 4% на годишно ниво

3. Лицата со просечни приходи кои во нивното заедничко домаќинство остваруваат вкупен приход помеѓу една ипол просечна нето плата и две просечни нето плати висината на закупот на стан изнесува 62 ден/м2, а доколку остваруваат вкупен приход помеѓу две просечни нето плати и две ипол просечни нето плати висината на закупот на стан изнесува 95 ден/м2
Оваа категорија на лица ќе можат да го откупат станот со минимално учество од 20% од вкупната вредност на станот, со рок на отплата максимум до 30 години односно 360 еднакви месечни рати и фиксна каматна стапка од 4% на годишно ниво

4. Лица со високи приходи – кои во нивното заедничко домаќинство остваруваат вкупен приход над две ипол просечни нето плати висината на закупот на стан изнесува 190 ден/м2.
Оваа категорија на лица ќе можат да го откупат станот со минимално учество од 30% од вкупната вредност на станот, со рок на отплата максимум до 30 години односно 360 еднакви месечни рати и фиксна каматна стапка од 4% на годишно ниво.

Услови за остварување на правото на закуп на стан односно откуп на стан

Лицата ќе можат да го остварат правото на закуп односно откуп на станот доколку ги исполнуваат следниве услови:

– да се државјани на Република Македонија;
– да се со постојано место на живеење во општината во која се наоѓа станот кој е предмет на закуп односно откуп
– да се вселени и да го користат станот кој е во сопственост на Република Македонија пред 13 август 2009 година и
– лицето, неговиот брачен другар и сите членови на неговото заедничко домаќинство да немаат стан, куќа или куќа за одмор или деловен простор во нивна сопственост или да не се корисници на друг стан или деловен простор во државна сопственост на територијата на Република Македонија

Со цел на граѓаните на Република Македонија да им се овозможи олеснет пристап за поднесување на барања за закуп на стан, од страна на Министерството за транспорт и врски изготвен е образец – терк на барањето за закуп на стан, во кое е наведена и документацијата која барателот треба да ја приложи кон барањето. Овој терк – образец е објавен на ВЕБ страната на МТВ а истиот може да се подигне и од пултот во зградата на Министерството за транспорт и врски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1