Со оваа опција на WhatsApp, повеќе нема да плаќате сметки за мобилен телефон!


Апликацијата „WhatsApp“  ја воведе опцијата за која долго се „шушкаше“.

Според информациите на GSMArena, врз основа на објавата на Reddit,  „WhatsApp“ тргна со испорака на повици во апликацијата. Гласовни, но не и видео повици им се достапни само на корисниците со тест верзија на Андроид апликација, која може да се најде на сајтот на  „WhatsApp“, и се добиваат исклчиво со „покана“ (слично работи и Гугл за инбокс мејл сервисот).whatsapp

Повиците се интегрирани како додатна картичка во воведот на  „WhatsApp“ апликацијата и овозможуваат бесплатно повикување на активни контакти од листата на пријатели. Надоградбата оди бавно, бидејќи очигледно се уште не е се „легнато на свое место“, но е добро да се знае дека и  „WhatsApp“ ќе понуди бесплатна опција на повикување, и тоа веројатно за Андроид, iOS и Windows Phone, односно Windows 10 корисници.

 „WhatsApp“ повиците уште не ги најави официјално, а оваа функција доаѓа после активацијата на  „WhatsApp“ за веб и роаминг  „WhatsApp“ СИМ картички.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1