Ова се војни кои што во моментот се водат во светот


Во моментов во светот има 9 активни војни – едната се води веќе 36 години, а некои штотуку почнаа.

ukraina22Полуостровот Крим и Украина се во фокусот на вниманието на целиот свет, поради тоа што во целата приказна се вмешани НАТО и Русија, па постои стравување дека моменталната пат-позиција може да се претвори во Трета светска војна. Не е лошо да се потсети и на останатите места каде што обично невини луѓе гинат поради нечии интереси.

Европа и Северна Америка се исклучоци, бидејќи на сите останати континенти се случуваат војни, кои обично се внатрешни.

Ова се неколкуте судири во кои што годишно страдаат повеќе од илјада лица според процентите на шведската организација УЦДП.

Војна во Авганистан

vojnik-avganistan4

Започна на 27-ми април 1978 година, кога Народната Демократска партија изврши државен удар, што предизвика вооружен судир. Во декември 1979 година во војната се приклучи Советскиот сојуз кој се повлачи од државата во февруари 1989 година. Судирите продолжуваат, а како победници од граѓанската војна излегоа талибанците. Сепак помалите судири со други исламисти продолжуваат на северот на државата. Во 2001 година по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон, инвазија започнаа САД, талибанците се повлекоа во планини и продолжи герилската војна против окупаторите и домашните колаборатори на ист начин на кој што муџахедините ја водеа против Русија. Борбите се уште траат, а исламистите контролираат големи делови од државата.

Сомалијската граѓанска војна

Судирот започна во јануари 1991 година, кога широка коалиција на различни племиња ја исфрли долгогодишната воена влада. Различни фракции започнаа да се борат за влијание, бидејќи вакум властите никој не ги потполни. Наскоро се приклучија и ОН, а најпознатото случување се случи при битката за Могадиш, кога американските трупи не успеале да уапсат еден од лидерите.

chevron-nigeria

Иако во моментов не е еден од најлошите судири, но граѓанската војна се уште трае, а понекогаш доаѓа до сериозна борба. Ал Шабаб во оваа држава има свои бази, а официјалната сомалијска војска и мултинационалните сили се обидуваат да ги уништат исламистите.

Исламистичко востание во Нигерија

Конфликтот започна во 2001 година, со формирањето на исламистичката Боко Харем, чие што има значи „западното образование е грешно“. Во 2009 година судирот премина во насилна фаза, во која настрадаа повеќе од 3.600 лица, за помалку од три години. Нигерија е особено поделена држава, бидејќи муслиманите и христинајните се околу 50 проценти од населението.

Војна во северозападен Пакистан

Pakistani-police-escort-R-007Војната се води помеѓу пакистанската влада и американската војска од една страна и талибанците, Ал Каеда и други исламистички групи од друга страна.

Започна во 2004 година откако се создадоа тензиите, поради потрагата за припадниците на организацијата на Бин Ладен од страна на пакистанските служби за безбедност, ескалираа во вооружена побуна. Подоцна во борбата се вклучија и средно-азијските паравоени џихадистички групи.

Сириска граѓанска војна

sirija

Започна во 2011 година со бранот на таканаречената Арапска пролет. По првобитните демонстрации и протести против повеќедецениската власт на семејството Асад, а поради насилната реакција на режимот, ситуација бргу ескалираше и прерасна во вистинско вооружено востание, во кое што загинаа повеќе од 120.000 луѓе.

Ирачко востание

Првин стануваше збор за вооружено исламистичко востание по окупацијата на држвата и отповикување на Садам Хусеин од страна на мултинационалната коалиција, предводена од САД.

По нивното повлекување во 2011 година дојде до нови судири во кои учествуваа сили на централна власт во Багдад од една страна, и различни верски групи од друга, тука пред се, се мисли на екстремистите од редовите на сунитите и шиитите.

272049_turisti-meksiko01reuters-tomas-bravo_ffВојна против нарко-картели во Мексико

Во прашање е вистинска граѓанска војна која што се води помеѓу мексичката власт, помогната од американските служби и различни нарко-картели, кои што покрај судирот со државата, се пресметуваат и помеѓу себе поради превласт и контрола над „патиштата“ за дрога.

Војна во Централноафричката Република

Овој судир започна на 10-ти декември 2012 година, помеѓу владините сили и Селека, коалиција на различни бунтовнички групи, кои веднаш зазедоа голем број од важните градови во централните и источните делови на државата. На 24-ти март наредната година, бунтовниците ја зазедоа претстолнината Бангуи, а претседателот Франсоа Бозизе побегна од државата. Ситуацијата беше релативно мирна до летото 2013 година, кога Франција влезе во судирот на христијанската коалиција, која се оддели од Селека, која стана доминантна муслиманска групација.

SudanВојна во Јужен Судан

Започна на 15-ти декември 2013 година поради политички несогласувања на тогашното раководство. Претседателот нареди да се разоружаат сите припадници на претседателската гарда, а потоа да се вооружат припадници на племето Динка. Нивниот заменик од племето Нуера го доведе ова во прашање, па веднаш дојде до борба. Всушност овој конфликт е меѓуплеменска војна, а бидејќи е во раната фаза се уште е тешко да се зборува за неговиот можен исход или за тоа колку може да трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1