Нов референдум и нова држава во Европа: Венеција гласа за независност


Во италијанската област Венето која што ја опфаќа Венеција и околината, започна референдум за одделување од остатокот на Италија, а ќе трае до 21-ви март, јавуваат тамошните медиуми.Право на глас имаат околу 3,8 милиони луѓе.Новата држава би се викала Република Венето

Venice-ItalyАктивисти велат дека резултати од најновите анкети покажуваат дека за прекин со врската со Рим се залагаат 65 проценти од избирачите во регионот Венето, кој ги опфаќа градовите Тревизо, Виченца и Верона.

Тие велат дека се инспирирани од примерот на Шкотска, која ќе одржи референдум за независност од Велика Британија во септември во Каталонија, каде што половина од жителите сакаат да се одделат од Шпанија.

Доколку мнозинството гласа за независност, имаме експерти кои подготвуваат прогласување на независност и фирми во регионот кои што велат дека ќе започнат да плаќаат данок на локалните власти наместо Рим-рече портпаролот на движењето за независност, Лодовико Пјацати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1