Авионот бил украден со само едно УСБ и телефон – прв случај на Сајбер киднапирање авион


Според последната теорија, авионот „Малезија ерлајнс“ кој исечзна пред недела дена со 239 патници и членови на екипажот на линија Куала Лумпур – Пекинг, е можеби киднапиран со помош на мобилен телефон или УСБ меморија пишува „Дејли мејл“.

avion malezija 2Антитерористичките експерти велат дека брзината, висината и правецот на движење, можат да бидат променети со емтиување на радио сигнал со мал далечински управувач. Со помош на „шифри“ кои ги направиле сајбер терористи би можело да се влезе во системот на авионот и да се премости безбедносниот софтвер.

Се смета и дека системот е успешно хакиран, авионот може да се спушти со помош на делечинска контрола. „Ова би можело да биде прво сајбер киднапирање во светот“, вели за „Дејли мејл“ доктор Сели Лејвесил, која ја подготвува фирмата и владата за потенцијални терористички напади.

„Се чини дека има елементи на планирање од страна на некој кој има добро софистицирано познавање на инжинерскиот систем. Ова е доста рана верзија на нешто што би се нарекло „паметен авион“, летало на далечински, контролирани електрични сигнали – наведува таа.

Таа додава дека еденаш кога авионот ќе полета, можете да уфрлите низа на команди и шифри кои можат да започнат нови процеси. „Дејли мејл“ наведува дека пријателот на капетанот Захариј Ахмад Шаха, чиј дом вчера го пребарала полицијата, вели дека тој во школо бил љубител на геџети. Тие истакнаа дека капетанот никогаш не би ја загрозил безбедноста на патниците.

Во неговата луксузна куќа во преградието на Куала Лумпур, пронајден е и симулатор на лет, кој е испитан. Полицијата го пребарала и домот на копилотот Фарик Абудла Хамид, кој живее во истиот крај.

Вчера премиерот на Малезија Наџиб Разак, изјави дека исчезнувањето на авионот е последица од „намерен чин“ и дека леталото можеби се наоѓа далеку, дури и во Казахстан. Авионот на летот МH370 исчезна на 9 март, а во потрагата се вклучија 25 земји, од кои 15 од нив обезбедија 43 брода и 58 летала. Подрачјето на потрагата, од исчезнувањето па до ден денес е проширено на огромна територија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1