Деца од Свети Николе фалсификувале денари на компјутер


Двајца жители на Свети Николе се осомничени дека фалсификувале банкноти од 500 и 100 денари и ги пуштале во оптек, соопшти МВР. Станува збор за Х.В. (20) и Н.В. (19), против кои ќе бидат поднесени кривични пријави.

500 denariСпоред полицијата, лице од Свети Николе во саботата се јавило во полиција и рекло дека додека вршело трговски услуги примило лажна банкнота од 500 денари. Инспекторите почнале да истражуваат и им влегле во трага на двете момчиња.

Полицијата извршила претрес на Х.В., кај кого пронашла четири фалсификувани банкноти од 500 денари и осум фалсификувани банкноти од 100 денари. Потоа бил извршен и претрес во домот на Х.В., каде што полицијата открила уште две фалсификувани банкноти од 500 денари и една фалсификувана банкнота од 100 денари. Освен лажните пари, во домот на осомничениот имало печатач со скенер и копир во кој стоела оригиналната банкнота од 100 денари. Полицијата истражува колку време двајцата изработувале фалсификати и дали и претходно пуштале во оптек од лажните денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1