Таму каде што до пред некој ден имало куќи, гаражи и дворови, останале само кровови, а некои места земјата целосно ги затрупала, како никогаш да не ни биле таму.
Селото Парачи во кантонот Калесија, источно од Тузла во Босна и Херцеговина веќе и да не постои. Земјата се придвижила пред два дена и однела се’ со себе. Семејствата се спасувале помеѓу себе, се обидувале да побегнат, а меѓу нив имало и деца.
Одроните на земјата се длабоки и по 20 метри, а мештаните истакнуваат дека вакво нешто не се случило никогаш. Жените и децата биле евакуирани на сигурно, а во селото останале само мажите кои се обидуваат да спасат што може да се спаси.
“Земјата се’ уште се движи, а селото Парачи веќе не постои”, јавува РТВ Слон.